Герила акција на ВМРО-ДПМНЕ за министерот Филипче во Кочани
Герила акција на членовите на општинскиот комитет на ВМРО–ДПМНЕ од Кочани при денешната посета на општата болница на министерот за здравство Венко Филипче. Тие упатија критики за техничките, кадровските и просторните недостатоци во кочанската болница.
-Министре, дисфункционална е болницата, немаме анестезиолози. Двајцата хирурзи што ги имаме, еден е директор на болницата, а другиот е претседател на Советот на општината. Немаме рентген, немаме лабораторија. Оваа зграда не функционира, а планирате да функционира модуларната..?- прашува Мирче Стојков - од ВМРО-ДПМНЕ- Кочани
-Сето тоа стигнува, нарачано е и да не го блокиравте во Собранието ќе беше тука. Треба да се запрашате зошто ги блокирате проектите од интерес на граѓаните. Не си играјте со јавното здравје, не сте свесни каков ризик земате-одговри Венко Филиче, минстер за здравство
Филипче денес присуствуваше на пуштањето во употреба на првата модуларна болница во источниот регион, но ов ВМРО ДПМНЕ сметаат дека ова е задоцнето.
--Министре, зар не мислите дека е доцна, трет бран сме со Ковид?- вели Стојков
-Тоа ќе ги прашате вашите наредобдавачи во партија, зошто го блокираа заемот..? Ова до сега ќе беше готово, ќе беше во функција и немаше да треба да брзаме. Како и да е, ниту еден пациент нема да остане без соодветна здравствена заштита- изјави Филипче
Модуларната болница има капацитет од 35 болнички кревети, од кои пет за интензивна нега на тешко болни, а располага и со неопходната опрема за дијагностицирање.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар