Македонија
21. March 2021 - 16:33

Патриотскиот институт и УМС на ,,Собир за слобода‘‘ пред штипскиот затвор

На иницијатива на Институтот и УМС на ВМРО ДПМНЕ, стотина граѓани од целата земја пристигнаа пред штипскиот затвор на „Собир за слобода“, за да им дадат поддршка на, според нив, противуставно осудените патриоти, кои се на издржување на затворски казни. 

-Не бараме милостина од Зоран Заев, ние само бараме нов судски процес, кој ќе биде фер и каде правото ќе биде главно, а јас сум сигурен дека во таков судски процес, нашите браќа ќе бидат слободни - изјави Александар Пандов, Институт на ВМРО-ДПМНЕ - Гоце Делчев. 

Младите од ВМРО-ДПМНЕ до Премиерот упатија порака дека притворените и затворените уставобранители, за нив се модерни револуционери, кои им оставиле аманет да си ја сакаат Република Македонија и да ги штитат интересите на единствената татковина.

-Ние не се согласуваме со тоа, по улици да шетаат криминалци, а затворите да се полни со патриоти кои не направиле ништо друго туку патриотски чин - изјави Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тагата не зближува, но болката не обединува, истакна актерот Тони Михајловски, а болката што ја трпат уставобранителите и нивните семејства е вечната болка на Македонецот во борбата за слобода.

- „Дрвото на слободата“ треба редовно да се залева со крвта на патриотите, но дрвото на слободата треба да се залева и со крвта на тираните- изјави Тони Михајловси, актер.

Според нивни проценки, во моментот околу 400 до 500 луѓе кои се спротивставиле на актуелниот режим се во притвор, затвор или под прогон и обвиненија.