Македонија
27. August 2021 - 13:23

Гевгелија и гевгелиско пред создавање на колективен имунитет од Ковид-19

Општините од југот на државата имаат солидна основа за создавање колективен имунитет.  Според епидемиолог Сашко Олумчев овие позитивни прогнози се реални бидејќи Гевгелија и регионот што го покрива тамошниот центар за Јавно здравје е на самиот врв по бројот на аплицирани вакцини. Во прилог на неговите очекувања оди и големиот број на прележани со Ковид 19 во изминатиот период.

Последната недела евиденцијата што ја водиме, клинички тоа што го гледаме вакцинираните и прележаните кои се ре инфицирани покажуваат многу поблага симптоматологија што за мене е вест која радува, значи исход кој е многу добар . Тоа е еден индикатор дека сепак колективниот имунитет во Гевгелија и гевгелиско почнува да се создава и мислам дека ќе ни биде од многу голема корист во зимскиот период кога ќе почнат и другите респираторни инфекции.,, вели д-р Сашко Олумчев - епидемиолог.

И покрај тоа што бројките имаат тенденција на раст, според Олумчев добро е што засега нема притисок врз здравстениот систем. Во голем дел ова било резултат и на зголемениот интерес за имунизација.

,, Очекувано беше бројките да растат. Гледаме дека сега на дневна основа бројот на позитивни се зголемува за 20%, така од прилика за една недела би требало да имаме двојни бројки. Ако биле илјада ќе имаме две илјади што кореспондира со самата инфективност на вирусот и со самото поведение на граѓаните. Меѓутоа во секој случај гледаме дека вакцинацијата оди одлично, зборувам за делот кој е во моја надлежност, регионот на Гевгелија и околните општини, мислам дека сме по број на вакцинирани прва општина... вели д-р Олумчев

Според последната статистика во Гевгелија активни се 73 случаи со корона вирус.