Поскапите сметки ќе донесат и нов раст на цените, граѓаните очекуваат нов удар врз домашниот буџет
Поскапувањето на струјата и парното греење ќе удри по џебот на граѓаните. Велат, зголемувањето осетно ќе влијае врз семејниот буџет. Очекуваат поскапата струја да ги зголеми и останатите цени.
Со стартот на новата година почна и примената на новиот тарифник за цените на струјата и парното. Сметките за електрична енергија ќе пораснат за 9,48%, а кај парното по 14,05 проценти. Од денеска ја нема ниту евтината дневна тарифа, но како што велат од Регулаторната комисија, така било избегнато поголемо поскапување.
За намалување на ценовниот шок, од средината на минатиот месец замрзнати се цените на лебот, млекото, зејтинот, шеќерот. Според одлуката, тие цени ќе важат до крајот на Јануари, но властите ветија дека ако има потреба, мерката ќе биде продолжена.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
