Македонија
28. February 2022 - 16:38

Како државата се грижи за наследените скривници

Голем број цивили во Украина спасот од нападите во оваа војна го наоѓаат во скривниците или метро станиците. Ние немаме ни едно, ни друго. Не дека очекуваме некој да не нападне нас, но секоја држава би требало да ги има овие простории, затоа што во ништо не можеме да бидеме 100% сигурни. 

Многу мина иако често поминуваат покрај овие скривници, но ретко кој влегол во нив, па многу мина се прашуваат како изгледаат старите скривници во Прилеп. 

Денеска ние одлучивме да ве однесеме на едно кратко патување да го посетите ова мистериозно место. 

Има неколку влезови за скривниците. Тие се изградени во периодот помеѓу двете светски војни, околу 30-тите години на минатиот век. Влезовите се преполни со ѓубре, а дел од нив веќе започнале да се распаѓаат и постои голема опасност тие да се урнат.

Скривницата започнува со тесен ходник долг околу 10-тина метри. На одредени места има помали простории издлабени во камен и земја. 

По 20-тина метри од еден од влезовите ќе ве пречека раскрсница. Десно продолжува голем ходник, а доколку тргнете во лево ќе излезете кај другиот влез или ако сакате излез на скривницата. 

По 40-тина метри одење од десната страна ќе забележите неколку простории кои можеби биле предвидени како некој команден штаб или слично. Овие простории имаат свој посебен влез. Во просториите може да се забележи дека тука некогаш имало електрична енергија. 

Излеговме од просториите и продолживме десно по ходникот. Во ходникот ќе ве пречека и еден дел каде истиот е урнат. Не се знае дали позадии овој куп на земја е затрупан друг ходник. Продолживме повторно право по ходникот. На ѕидовите има отвори за вентилација од кои течи вода.

По 70-тина метри од првата урнатина повторно сретнавме некаква друга урнатина, а позади неа има некаква затрупана со земја просторија. 

И тука од десната страна на оваа урнатина се наоѓа крајот на скривницата. Крајот на овој ходник од скривницата завршува кај старите градски гробишта во Прилеп. За жал овие објетки се отпишани од страна на државата и се ставени да се распаѓаат на забот на времето.