Тутунарите со повеќе барања и најави за протести
Покачување на цените на тутунот по класи, сразмерно на покачувањата на трошоците за производство и трошоците за живот. Линеарно субвенционирање за секој произведен, предаден и откупен тутун по сите класи по цена од 90 денари за килограм вклучително и за реколта 2021-ва како и вклучување на тутунарите во мерката зелена нафта. Ова се барањат на новоформираните тутунски здруженија кои ќе ги достават до сите надлежни институции. Оваа нивна реакција доаѓа по онаа на Сојузот на земјоделски здруженија кои реагираа дека нема да ги потпишат новите договори со откупувачите ако останат старите цени на жолтото злато.
„И треба овие барања да се земат веднаш во обзир затоа што наредната реколта која сега ни следува верувајте дека тутунарите се во неможност да ја отпочнат бидејќи 2 години последователно работат со загуба. Неблагодарно е откупувачите да оперираат сега со цени за производи кои ние ќе ги продаваме и пласирае во декември или јануари идната година. Кој ќе тврди дека според овие трошоци кои сега се во моментов, а се зголемуваат секој ден дека вредноста на овие цени по класи ќе има некаква вредност во јануари идната година“, изјави Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.
Дел од членовите на новоформираните тутунски здруженија повторно се пожалија дека поради тоа што постојано се борат за правата на тутунарите биле обесправени од тутунските компании, а на некои од нив сега воопшто никој не сака да им склучи договор. Не знааат како понатаму.
„И тука го повикувам пред се инспекторатот, Сојузот на земјоделски здруженија, да ми објаснат зошто јас годинава сум како без договор со само 1 декар. А 25 години јас произведувам тутун од 1.800 до 2.000 килограми годишно, произведуваме фамилијарно без аргати илии друга помош. Досега садев тутун на површина од 10 до 15 декари во зависност од годината“, додаде Флоре Грујоски, претседател на тутунско здружение „Могила“.
Доколку не се решат овие проблеми тутунарите се заканија дека повторно би можеле да ги активираат протестите.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар