Бизнис
31. May 2022 - 20:02

Горивата од полноќ ке уриваат рекорди – троцифрена цена на бензините, најава за поскапување и на храната

Од утре нови поскапувања на храната и горивата ги очекуваат граѓаните. Цената на горивата ќе се зголеми до 10 денари од литар, односно безнинот ќе достигне троцифрена бројка, ќе се точи за 104 денари од литар, а дизелот пак за 86 денари. Основните прехранбени производи ќе се купуваат за 5 до 15 денари поскапо.

На полноќ истекуваат антикризните мерки, ако граѓаните овие три месеци лебот, млекото, зејтинот, месото, брашно, јајцата, оризот и павлаката ги купуваа без ДДВ, од утре даночната вредност на овие производи ќе се зголеми на 5%.  ДДВ-то за горивата пак од 10 ќе скокне на 18%.

Владата на денешната седница не ги продолжи антикризните мерки со кои се ублажуваа ефектите од економската криза, од утре на полиците во маркетите и на пумпите нови, поскапи цени.

Од ВМРО-ДПМНЕ ќе достават предлог закон до Собранието, да се ослободат од ДДВ прехранбените производи до крајот на годината. Горивата пак да се даночат на 5%.

Владата пакетот на антикризни мерки го донесе пред три месеци, тежок 400 милиони евра, а целта беше со намалени даноци и акцизи да се бори со економската криза, која сеуште трае.