Сензорна соба во прилепското основно училиште
ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп доби сензорна соба преку проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ на фондацијата „Чекор по чекор“, a финансиран од ЕУ. Ова е прва ваква соба во Прилеп, а 17 во Македонија отворена преку овој проект. Со ова училиштето станува поинклузиивно, попристапно и поотворено за работа на ученици со попреченост.
„Оваа активност ќе ни овозможи да ги поддржиме учениците со попречност, особено оние кои се со аутистичен спектар. Дечиињата кои се со АДХД. Учениците кои имаат дополнителна поддршка да ја добијат оваа поддршка тука, наместо да треба да одат на други места и многу често во други градови“, рече Бранка Џајковска, проектен менаџер на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ на фондацијата „Чекор по чекор“.
Како донатори на оваа сеозорна соба се „Јуте кредит“ кои велат дека ова е 3 ваква соба отворена со нивна помош и го изразува задоволството што може да помогнат.
„Сметаме дека како компанија можеме да направиме многу, да вратиме на општетството и затоа сме дел од проектите кои на некој начи го олеснуваат секојдневието на овие дечиња и им овозможуваат пристап до поквалитетно образование кое се надеваме дека ќе им овозможи една поубава и посветла иднина“ кажа Јасмина Апостоловска, „Јуте кредит“.
Целта на сензорната соба е да се пружат одредени услови на децата со посебни потреби, но и да се овозможи стимулативна средина за сите останати ученици кои имаат попреченост и потреба.
„Во моментов имаме 4 ученици кои се со индивидуален образовен план. Во оваа просторија ќе работи нашиот специјален едукатор рехабилитатор во соработка со асистентите на учениците, во соработка со одделенските и предметните наставници“, Снежана Котева, в.д. директор на ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп.
Со новиот Законот за основно образование од 2019 година е овозможено ските деца со попреченост да бидат вклучени во редовните основни училишта. Според одредени статистики околу 15% од основците кај нас се со некои посебни образовни потреби, а 2 до 3% се со попреченост на кои им е потребна најголема поддршка, со модифицирана програма и образовен асистент.
„Тие наставници се индивидуална поддршка на ученците, а се вработени како поддршка на наставникот. Наставникот е носител на образовниот процес, како и за сите другии деца, така и за децата со попреченост. Образовниот асистент има за цел да го насочува осамостојувањето на ученикот и да го поддржува неговиот развој, во насока детето да може да направи се само, а не да направи образовниот асистент за него“, реле Елизабета Секулоска, специјален едукатор и рехабилиитатор во ООУ „Гоце Делчев“.
Во прилепските основни училишта и во градинките се 100-тина деца со попреченост, а има 14 образовни асистенти.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар