Македонија
17. November 2022 - 16:37

Арсовска ставила катанец на влезот за Славевски, претседателот на Совет мора да се пријави за да влезе во канцеларија

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески за да влезе во комплексот бараки мора да полни образец дека оди кај самиот себе. Од неодамна има катанец на вратата која ја користел цела година колку што ја врши функцијата за да стигне до канцеларијата. Според него ова е уште едно не почитување на Советот од страна на градоначалничката, но вели дека ќе се прилагоди и на оваа ситуација.

- Малку е комично што треба да пополнам дека Трајко Славески оди кај Трајко Славески, ова е уште еден показател з анепоочитување на советот и ќе кажам дека се што се случува во Град Скопје е со знаење на градоначалничката, изјави Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје.

Сите претходни случувања и препукувања, вклучително и последното со катанецот претседателот на Советот ги пријавил во државниот Инспекторат за локална самоуправа и очекува соодветно да постапат.

- После она изедначување со Хитлер, ништо повеќе не може да ме изненади, изјави Славески.

Јавноста веќе подолг период е сведок на јавни препукувања помеѓу Трајко Славески и Данела Арсовска, од исклучување микрофони до навреди, омаловажувања и дискредитирања.