Прилепската болница добива три нови апарати
Прилепската болница набави 3 нови апарати за одделението за физикална терапија.
Тука е пред се екстензоматот, кој е единствен во јавното здравство во цела Македонија, потоа апаратот за шок вејв терапија, кој исто така е еден од ретките во нашите болници и комбиниран апарат со сите електро процедури, ласер, ултра звук, вакум и други потребни елементи.
„Предноста на овој апарат е во тоа што може да третира 5 пациенти во исто време, што не е мала бројка, а тоа пак зборува за квалитетот и сложеноста на самиот апарат. Тоа ќе помогне за поголем оптег на пациенти кои за жал ги има се повеќе кај нас. Вториот апарат, ја имаме таа чест да го имаме, се работи за екстензомат, се работи со него екстензија на телото, врат, кичма, лумбална кичма. Третиот апарат се работи за шок вејв терапија, а тоа значи дека се применуваат јаки, ултра звучни бранови за подобрување на функционалноста на меки ткива, зглобови и коски“, истакна Благоја Ѓорѓиески, раководител на одделението за физикална терапија.
Од болницата се надеваат со оваа опрема ќе се зголеми и бројот на услужени пациенти, кои тука дневно изнесувал 160. Физиотерапевтите велат дека бројот на граѓани со вакви проблеми бил се поголем.
„За жал се повеќе и повеќе пациенти има и затоа се создава една гужва. Но треба да се стрпливи пациентите затоа што треба да чекаат квалитетна услуга, а не само извршување на рехабилитацијата ради-реда, туку да се даде максимум од самите терапевти на апаратурата со цел да се даде максимален ефект во самата рехабилитација на пациентите“, додаде Ѓорѓиески.
Екстензоматот подележи под Фондот за здравство и веќе се започнало со закажување на пациенти, додека пак шок вејв терапијата не подлежи под Фондот и допрва тука треба да се утврди цената на услугата за пациентите.
„Ставаме во употреба 3 апарати во одделението за физикална медицина кои ќе служат за подобрување на нивното здравје, но и за подобрување на условите за работа на вредниоти посветен персонал кој не застана со работа ниту за време на пандемијата“, изјави Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.
Одделението за физикална терапија во Прилеп има 3 специјалисти и над 20 лица као технички пероснал. Се надеваат дека наскоро државата ќе дозволи и нови специјализиации за оваа одделение, затоа што тука доаѓаат и пациенти од повеќе градови.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар