„Генералка викенд“ за почиста животна средина
Општина Штип се вклучи во акцијата „Генералка викенд“, која има за цел подигање на свеста за зачувување на животната средина за подобар и поквалитетен живот на сегашните и идните генерации. Во зависност од количината собран отпад добиваат садници кои ќе се насадат и одгледуваат. За секои 10 килограми собран отпад се сади по едно дрво.
- Акцијата се спроведува на територија на цела држава и тоа од 12 до 14 мај, значи петок, сабота и недела. Денес ние чистевме, собиравме отпад на локацијата над Сончев град, во зелената шума. Можам да кажам дека собравме одредена количина отпад и тој ќе биде предаден на организаторите. Тие имаат обврска до 16 мај да дојдат и да го преземат собраниот отпад, изјави Борче Везенков, комунален инспектор.
Собраниот отпад ќе се селектира и рециклира. Во акцијата се вклучени 52 општини и 16 000 волонтери. Паралелено во Штип се спроведува проектот за едукација на децата од најмала возраст за потребата и придобивките од селектирањето на отпадот. Се планира во блиска иднина да бидат поставени и т.н. вендинг машини.
- На локации во центарот на градот, односно, во поголемите маркети каде што ќе можат и самите да селектираат пластични шишиња и алуминиумски лименки, а од тоа би можеле да добијат и финансиски средства, додаде Везенков.
Од следната година се планира да бидат поставени компостерки за биоразградлив отпад во предшкослките установи.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар