Дефиле на штипските матуранти
Во следните неколку денови по штипските улици, поточно од плоштадот „Слобода“ до хотелот каде ќе се одржи прославата, ќе продефилираат 548 матуранти, од четирите средни училишта во градот. На овој начин се враќа една постара и малку подзаборавена традиција, која се практикувала неколку децении наназад.
- Ова е убава прилика граѓаните коишто сакаат да ги видат матурантите да излезат во тој период, пред 20 часот да ги видат матурантите и да се потсетиме на едни постари времиња кога се правеа токму такви настани, односно дефиле на сите матуранти, кога граѓаните ги поздравуваа, се радуваа и славеа заедно со матурантите, изјави Снежана Санева, раководител на Сектор за образование - ЛС - ШТИП.
Сепак, матурантите ќе треба и да го заокружат образовниот процес со полагање на државната матура. Официјално, Државниот испитен центар штрајкот за повисоки плати го стави во мирување, па полагањето ќе се врши во однапред утврдените термини.
- Очекуваме да започне полагањето на матурата на датумот којшто беше претходно најавен, а тоа е 27 мај кога ќе започне полагањето на матура по предметот Македонски јазик. Останатите предмети дополнително ќе бидат полагани во наредниот период, најверојатно, во месец јуни, додаде Санева.
Најмногу завршени средношколци има во СОУ „Коле Нехтенин“, 207 ученици, следува медицинското училиште со 182, па Гимназијата со 144, а најмалку во текстилното училиште, каде се евидентирани 15 матуранти.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар