Остра реакција на обвинителката Ленче Ристовска на измените во Кривичниот законик
Навреда за професионалците и ширење култура на неказнивост. Вака Обвинителката Ленче Ристоска ги оценува измените во Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба. Вели, поблагите казни ќе влијаат и на борбата со корупцијата.
„Измените на КЗ би рекла дека и те како влијаат на културата на неказнивост која некако се протажира изминатите години. Обвинителство по мое мислење е ставено пред една многу неблагодрана и тешка задача. Имаме кратки рокови таму каде што не е настапена застареноста, тоа експресно да се заврши, од друга страна, ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите. Секако, во однос на предметите во кои сме вложиле многу и ресурси и енергија, веќе тие предмети ни застаруваат, голем дел од нив во тек, барем по предметите кои јас постапувам. Во тек ни е анализа да видиме точно која ќе биде импликацијата на овие измени на КЗ. Меѓутоа, самите измени како такви, верувајте, јас лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои сме се вложиле во борбата против корупцијата бидејќи овие измени, најчесто, ќе ги афектираат коруптивните кривични дела“, вели Ленче Ристоска, Јавен обвинител.
Според Ристоска, обвинителите сега треба да вложат максимум за да ги спасат предметите. Порачува да најдат начини обвинетите да се задржат во судниците.
Во меѓувреме предметите во кои заради измените, наскоро ќе настапи застареност, се судат со вообичаено темпо. Денеска во судницата каде се одржуваше рочиште за изградбата на кинеските автопати, немаше ниту збор за застареност, иако за овој случај таа настапува на крајот од идниот месец. За обвинителката, предметот бил се уште жив и како што вели Стефаноска, се ќе сторела за него да има пресуда.
Институциите засега не откриваат колку предмети ќе застарат измените. Обвинителството најави дека идната недела на колегиум ќе одлучува како ќе се постапува со случаите засегнати од новото законско решение.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
