Финансирањето на пожарникарите во Штип оставено само на општината
Штипскиот градоначалник бара од Министерството за одбрана да престане да врши селекција при исплатата на блок дотациите за противпожарната единица, бидејќи не се почитуваат законските одредби кога станува збор за распределба на средствата со кои се исплаќаат платите на пожарникарите. Некој општини добиваат повеќе, а некој помалку. За штипската противпожарна служба, секој месец од општинската каса се издвојуваат по близу 2 милиони денари, а државата покрива само една третина, односно, 700 000 денари.
- На Општина Штип само за десет пожарникари се исплаќаат финансиски средства, остатокот од 23 пожарникари, општината го презема како обврска. Некаде околу 20 милиони денари годишно општината додава во буџетот предвиден за одржување на противпожарната единица, за режиски трошоци, за исплата на плати, кои што по Закон се обврска на централната власт, односно, на Министертсво за одбрана и финансии- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Проблемот преку ЗЕЛС е предочен пред министерот за финансии, зашто со оваа неправда се соочуваат уште неколку општини во земјава.
- Има уште неколку општини на територија на Р. Македонија, кои што неправедно добиваат блок дотации, за разлика од други општини каде што во целост се иплаќаат блок дотациите за исплата на плати на пожарникарите. Она што го бараме е Законот да се почитува и да важи за сите подеднакво- изјави Јорданов
Согласно Законот, на секои 1500 жители, треба да има по еден пожарникар. Општината и Синдикатот на пожарникирите потпишаа нов колективен договор. Платата им се зголеми, редовно им се исплаќаат и додатоците на плата, а се предвидува и два пати годишно на пожарникарите да им се врши тестирање на физичката спремност.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар