Loading Video...
Свет
29. December 2023 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Едно лице загина, а 15 други се повредени во Киев и Харков во денешниот бран руски напади, соопштија официјални лица.  Регионалниот гувернер на Харков, Олег Синегубов, изјави: „Едно лице е убиено како резултат на нападите на окупаторите врз Харков. Осум лица се ранети“.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко пак изјави дека  има 7 хоспитализирани во главниот град“ Противвоздушната одбрана е во функција. Останете во засолништа“.

„Од експлозијата е оштетена зградата на метро-станицата ‘Лукјанивска’ која служи како засолниште. Возовите поминуваат покрај неа без застанување“,

Исто така, има извештаи за напади на руски беспилотни летала во пристанишниот град Одеса.

Регионалната воена администрација на Харков соопшти дека Русија „извршила околу 10 напади врз градот“.

Обнова на размена на оган долж границата меѓу Израел и Либан, Израелските медиуми објавија за 50 проектили истрелани од Либан кон Израел. Во северниот дел на Израел беа активирани неколку ракетни аларми, беспилотно летало од Либан навлезе на израелска територија кое, според ИДФ, беше соборено.

Израелската војска одговори со контра-напади на местата на ракетното лансирање и на „терористичката инфраструктура на Хезболах“ таму, вклучително и воен комплекс на Хезболах и терористички одреди, соопшти ИДФ.

Хезболах ја презеде одговорноста за неколку напади врз Израел.

Од почетокот на војната во Газа по масакрот на Хамас во Израел на 7 октомври, постојано има конфронтации меѓу ИДФ и Хезболах во израелско-либанскиот пограничен регион, со загинати и повредени од двете страни. Тоа е најсериозната ескалација од втората либанска војна во 2006 година.

Американската сојузна држава Мејн го дисквалификуваше Доналд Трамп за кандидирање за претседател на САД за следната година, со што по Колорадо, стана втората сојузна држава што му забрани кандидатура на поранешниот претседател поради неговата улога во нападот врз Капитолот на САД на 6 јануари 2021. Државната секретарка на Мејн, Шена Белоус, демократ, заклучи дека Трамп, фаворит за номинација како кандидат на Републиканската партија, поттикнал бунт кога ширел лажни тврдења за измама на гласачите на изборите во 2020, а потоа ги повикал своите поддржувачи да маршираат кон Капитол до ги спречи пратениците да го потврдат гласањето.

„Уставот на САД не толерира напад врз темелите на нашата влада“, напиша Белоус во пресудата на 34 страници.

Одлуката може да се обжали до државниот Врховен суд, а Белоус ја суспендираше својата одлука додека судот не донесе одлука за ова прашање.

Кампањата на Трамп соопшти дека брзо ќе поднесе приговор за „грозоморната“ одлука.