Преглед на вестите од светот
Во свлечиште на земјиштето во кинеската провинција Јунан рано утринава околу 6 часот по локално време загинаа две лица, а десетици се водат како исчезнати, додека спасувачките операции се во тек при снежно време. Најмалку 47 лица од 18 домаќинства се водат како исчезнати, објави државната кинеска централна телевизија.
Одронот погоди две села во југозападниот град Жаотонг, покривајќи куќи во подножјето на ридот.
Не е јасно што го предизвикало одронот.
На место свлечиштето присутни се 1.000 спасувачи и 200 спасувачки возила,
Повеќе од 500 луѓе се евакуирани од своите домови.
Јунан е една од неколкуте провинции во јужниот регион на земјата која моментално се соочува со екстремно ниски температури.
Борбите во Газа продолжуваат, а израелската армија соопшти дека нападите биле насочени кон локации, вклучително и воена зграда и оперативен команден центар на Хезболах.
Хезболах одговори со оган преку јужната граница на Либан кон израелските сили за поддршка на палестинскиот сојузник на милицијата Хамас во Појасот Газа. Три ракети биле истрелани кон Мошав Шомер, заедница од неколку стотици луѓе во близина на Галилеја во северен Израел.
Но, локалните жители пријавиле дека слушнале експлозии и удари во близина на нивната населба, а властите подоцна утврдиле дека три проектили ја погодиле областа.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Палестинската Црвена полумесечина објави преку социјалните мрежи дека нивните тимови примиле 80 камиони помош од египетската Црвена полумесечина кои влегле во Газа преку преминот Рафах, носејќи суштинска хуманитарна помош, вклучително храна, вода, средства за помош и медицински материјали.
Знаеме кој е Хамас и што направи и го осудивме тоа. Но мир и стабилност не може да се градат со употреба на воени средства и не на начин на кој тоа го прави Израел, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел, на кој главни теми се состојба во регионот на Блискиот Исток и руска агресија врз Украина.
Мислам дека треба да престанеме да зборуваме за мировен процес и да почнеме конкретно да разговараме за процес со решение за две држави, истакна Борел.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар