Loading Video...
Свет
29. January 2024 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Француските земјоделци најавија дека денес, ќе има целосна блокада на Париз и на тој начин ќе спречат испорака на секаков вид стока во главниот град. Претставникот на здружението „Млади фармери“, Максим Бизар изјави дека блокадата ќе трае најмалку пет дена.

Донесовме одлука да ги промениме нашите методи и да организираме блокада на Париз и три департмани околу главниот град. Идејата е ниту еден камион да не испорачува стока во главниот град. Земјоделците имаат намера да ги држат под своја контрола патиштата кон Париз „колку што е потребно“, за градот да се соочи со недостиг од производи.

Тој посочи дека Франција е против склучување договор за слободна трговија меѓу ЕУ и членките на јужноамериканскиот блок „Меркосур“, со што, според земјоделецот, би се создале услови за нелојална конкуренција.

Во изминатите седум дена земјоделците ги блокираа главните патишта во Франција, каде поставија пречки од сено, купишта ѓубрива и гуми. Сообраќајот е блокиран и со трактори паркирани на автопатиштата.

 

Исламскиот отпор во Ирак, група од неколку вооружени ирачки милитантни фракции кои ги поддржува Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница. Во напад со дрон на американска воена база загинаа тројца, а се повредени 34 американски војници. Локацијата на нападот е позната како кула 22. Ова е првпат американски војници да бидат убиени од непријателски оган на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа.

Јапонските власти денес објавија дека го прекинуваат финансирањето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА). Во текот на вчерашниот ден осум други држави веќе го направија тој чекор и го прекинаа финансирањето по скандалот што ја тресе агенцијата за палестинските бегалци УНРВА при Обединетите нации. Сите држави членки се од најголемите донатори на оваа организација. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е згрозен од веста дека секој вработен во ОН вклучен во терористичките акти ќе биде кривично гонет. ОН презема брза акција по сериозните обвинувања изјави Гутереш.

 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на крстосувачката ракета лансирана од подморница, објавија државните медиуми. Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети во морето во близина на нејзиниот источен брег, без притоа да даде детали за инцидентот.

И додека во светот се војува, во Бразил е сосема поинаку – таму се подготвуваат за карневалот во Рио. И покрај поројниот дожд, музичарите и танчерите го задржаа високиот дух и приредија и енергично шоу додека вежбаа во познатиот градски Самбадром.

Натпреварот помеѓу училиштата за самба на карневалот е една од најпрепознатливите културни активности во Рио.

Карневалот во Рио де Жанеиро ќе започне на 9 февруари и ќе трае до 12 февруари.