Loading Video...
Свет
11. March 2024 - 12:31

Преглед на вестите од светот

Американската филмска академија, синоќа во Лос Анџелес, на своето 96.то издание ги додели највредните награди во областа на филмот – Оскарите. Најмногу успех имаше биографскиот историски филм за изумителот на атомската бомба Опенхајмер на режисерот Кристофер Нолан, кој ги доби и наградите за најдобра режија, најдобра машка улога, најдобра машка споредна улога, кинематографија, најдобра оригинална музика и за монтажа или вкупно седум Оскари, а честа да го објави најдобриот фил ја имаше 83-годишниот актер Ал Пачино.

Најдобрата машка споредна улога е за Роберт Дауни Џуниор за неговата улога во филмот „Опенхајмер“, додека композиторот Лудвиг Јорансон му беше доделена наградата за најдобра оригинална музика за „Опенхајмер“.

Оскар за најдобра машка улога отиде во рацете на Силијан Марфи истотака за „Опенхајмер“, а Кристофер Нолан, кој беше прогласен за најдобар режисер.

Ема Стоун е најдобрата женска актерка, за улогата во филмот „Сиромашни суштества“, ова е нејзин втор Оскар. Филмот „Сиромашни суштества“ освои четири Оскари за главна актерка, костимографија, сценографија, фризура и шминка.

Најдобра споредна женска улога и припадна на Двејн Џој Рендолф за улогата во филмот „Holdovers“ („Академија Бартон“).

Актерот и борач Џон Сина се појави гол на големата сцена на театарот Долби и го објави добитникот на Оскар за најдобар костим. Наградата му припадна на филмот „Кутрите суштества“, кој претходно го доби Оскар за најдобра шминка и фризура, како и за сценографија.

Појавата на Сина без облека брзо привлече внимание, а на социјалните мрежи веќе се зборува дека ова е најдобриот настан од овогодинешните Оскари.

Филмот „Опенхајмер“ водеше со 13 номинации, „Кутрите суштества“ имаа 11, „Убијци на цветната месечина“ 10 и „Барби“ 8 номинации

На црвениот тепих прошетаа бројни познати личности, од Кирстен Данст, Стивен Спилберг, Рајан Гослинг, Роџер Федерер, Андреа Бочели, Силијан Марфи, Двејн Рок Џонсон и други. Имаше и протести и барања веднаш да се воспостави примирје во Газа. Водителот на настанот беше Џими Кимел. 

Израелската армија продолжи да го бомбардира Појасот Газа и на почетокот на муслиманскиот пост Рамазан и во услови на меѓународни напори за испраќање хуманитарна помош до опколеното цивилно население во ризик од глад. Според властите на Хамас, биле извршени над 60 напади и погодени куќи во централниот и јужниот дел на Газа, најмногу во градот Кан Јунис.

Најмалку 13 лица загинаа кога граната падна врз шаторите на раселените луѓе во регионот Ал-Маваси меѓу Кан Јунис и Рафа, соопшти тамошното Министерство за здравство, а сите 10 членови на едно семејство што живее во Тал Ал-Хава, западно од градот Газа, биле убиени во воздушен напад на Израел. Изминатата ноќ загинаа вкупно 85 Палестинци.

Израелската армија објави дека во последните 24 часа во центарот на Газа и Кан Јунис биле убиени околу 30 палестински борци. Воедно нема знаци за договор за прекин на огнот во војната.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли критиката на американскиот претседател Џо Бајден за израелската воена офанзива во Газа и кажа дека е поддржан од огромното мнозинство Израелци  
Најмалку 31.045 Палестинци се убиени, а 72.654 се ранети од 7 октомври во израелската воена офанзива на Појасот Газа.