Loading Video...
Свет
5. April 2024 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Деталите од истрагата за убиството на малата Данка продолжуваат да ги шокираат сите во Србија, пишува Блиц.

Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Нинослав Цмолиќ гостувајќи во телевизијата Информер изнесе шокантно откритие.

Имено, откако ја удриле Данка со својот автомобил, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажник, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило.

Нивните приказни не се поклопуваат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило за време на возењето, а сопатникот ја задавил Данка, а не можат да се договорат кој го извршил давењето и подоцна ја фрлиле во депонија“.

Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите од ударот, но не се усогласени за самото убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, а еден од нив ја задавил и на крајот се ослободиле од телото во депонијата“.

Спасувачите во Тајван денеска ја продолжија потрагата по 18 лица кои се водат како исчезнати по земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди планинскиот источен брег на островот.

Во земјотресот што во средата го погоди ретко населениот источен округ Хуалиен загинаа 10 лица, а стотици останаа блокирани во национален парк, бидејќи карпите кои се тркалаа по планината го прекинаа сообраќајот.  Противпожарната служба проценува дека 18 лица се уште се водат како исчезнати, вклучително и четворица странци за кои претходно беше пријавено дека се државјани на Индија, Канада и Австралија. Шест лица се водат за исчезнати на планинарска патека, а спасувачки тим од 45 луѓе се обидува да стигне до нив.

Спасувачите потврдија дека околу 400 лица, кои беа блокирани во луксузен хотел во Националниот парк Тароко, се безбедни,  залихите им се доставуваат со хеликоптери, а повредените се евакуираат. Група од 50 работници кои беа заробени на патиштата што водат до хотелот сега се главно безбедни.  Тајван лежи во близина на спојката на две тектонски плочи и е подложен на чести земјотреси. 

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавија светските агенции, повикувајќи се на Белата куќа. Американскиот претседател остро го критикуваше Израел за нападот, а разговорот траел половина час.  Бајден и Нетанјаху разговараа само неколку дена откако седуммина хуманитарни работници загинаа во израелски воздушен напад во Појасот Газа. 

Во меѓувреме Израел најави дека отвора нови рути за испораки на хуманитарни средства во Газа, откако беше повикан да го стори тоа од САД.

Преминот Ерез во северните делови на Појасот Газа ќе биде отворен за прв пат по нападот на Хамас на 7 октомври – а помошта привремено ќе биде дозволено да тече низ пристаништето Ашдод. Израелските власти, исто така, рекоа дека планираат да го зголемат протокот на јорданската помош што се движи преку преминот Керем Шалом.