Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, се пријавиле за полагање на првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Матурантите интезивно се подготвуваат за полагање на државната матура на организирани часови каде можат да го проверат своето знаење заедно со нивните професори, но и да ја повторат потребната материја. Паралелно се реши и проблемот со обезбедување на соодветен простор за одржувањето на државната матура, согласно насоките од Државниот испитен центар.
- Гимназијата има просторни можности за да се одвие целокупниот процес на полагање на државна матура во нашата зграда-изјави Весна Ристова, директорка на Гимназија „Славчо Стојменски “-Штип.
- Ќе бидат искористени сите просторни капацитети, односно, спортската сала, ходниците и влезниот хол, се со цел да имаме успешно и правилно организирана државна матура, изјави Марија Николиќ, директорка на Средно медицинско училиште „Јане Сандански“-Штип
- Ќе бидат групирани учениците повторно по 15 во група, но ќе има назначено по повеќе набљудувачи и тестатори, се со цел да се добие по квалитетна матура, на која што учениците реално ќе ги покажат своите знаења, а не како во минатите години во некои училишта, изјави Јованка Шалева, директорка на Средно електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“- Штип
Во сабота на 1 јуни се полага првиот задолжителен предмет.
- Вториот дел од матирскиот испит ќе се одвива наредната недела, на 8-ми јуни, во сабота, ќе се полага вториот задолжителен предмет, а тое математика или некој друг јазик во зависност од ученикот- изјави Снежана Санева, раководител на сектор образование- ЛС- Штип
За вториот (изборен) екстерен испит пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски, 37 за француски и 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар