Македонија
1. јуни 2024 - 16:45

Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова

Штипјани се сплотија за да и помогнат на својата сограѓанка Сибил Омерова, која во моментот е на лекување во Турција. Општината, институциите, граѓанските организации, фирмите и граѓаните се во хумана кација за прибирање на 70 000 евра колку што чинат двете операции и хемотерапијата за младата штипјанка. Локалната самоуправа ќе издвои средства од Солидарниот фонд прибрани од хуманитарните паркинг места.

- Зависно од тоа за каков тип на болест се работи, колку ќе трае лекувањето во странство, ќе се утврди и колкав износ ќе се издвои од Солидарниот фонд, согласно правилникот кој е на сила, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Центарот за култура ќе донира од продажбата на слики изработени од учениците на ликовното студио.

- Таа е медицинско лице, им има помогнато на многу луѓе и ред е ние како граѓани да се солидаризираме и секој во својата област да придонесе, изјави Горан Трајков, директор на Центрар за култура „Ацо Шопов“-Штип

Таткото на Христијан Коцев кој ја загуби битката со ретка болест и за кого лани се собираа средства, е оптимист дека семејството ќе успее да ги собере потребните средства.

- Граѓаните независно од етничка, верска, политичка определба мислам дека средствата за Сибил брзо ќе ги соберат, исто како што беше и за мојот случај, изјави Горан Коцев

Во наредните денови ќе се организираат концерти и хуманитарни акции, а ќе се бар апомош и од општествено одговорни компании.