Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
Држава без корупција, со економски раст од 5% годишно, ефикасна администрација и дел од Евроспката Унија до 2025та. Ова беше визијата при основањето на организацијата Македонија 2025. Но и по 18 години се уште тапкаме во место. Најголемиот проблем останува корупцијата, реформи нема, ниту пак консензус каква држава сакаме да бидеме, порачаа од органзиацијата.
Има прогрес во Македонија, но другите растат побрзо од нас. Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам, работниците бараат повисоки плати, но не зборуваат за подобрување на нивните вештини. Лесно е да се обвинуваат соседите, Владата, но сите придонесуваме за тоа колку ќе просперира државата. Оваа Влада почна болни реформи, верувам дека гледа малку подалеку од изборниот циклус, истакна Никица Мојсоска Блажески., извршен директор на Македонија 2025
Премиерот побара трпение. Резултати ќе има, граѓаните и бизнисот за многу скоро ќе слушаат убави бројки. Очекува економијата во првиот квартал да порасне од 3,5 до 4 отсто, а ако предизвиците на европскиот, пред се автомобислкиот сектор, се надминат, растот може да биде и двојно повисок.
Ние имавме 2,8 проценти, што не е доволно, но доволно е затоа што во третиот и четвртиот квартал бележиме стапка на раст од над 3 проценти, а за првиот квартал од оваа година имајќи ги предвид првичните индикатори, индустриското производство, туризмот и останатото, не би се изненадил ако имаме околу 3 и пол и 4 проценти, што ќе претставува раст на БДП еден од водечките во Европа, дециден е Мицкоски.
Иднината за намалување на корупцијата е дигитализацијата. Јавните услуги мора што поскоро да се дигитализираат, порачаа експертите.
Инаку на Самитот Македонија 2025 присутни се над 500 гости, експерти, бизнисмени, поранешни и сегашни премиери и министри од земјата и од странство. Целта е да се разменат искуства како до поголем економски раст и евентуално влез на инвеститори со помош на дијаспората.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар