Бизнис
6. јуни 2025 - 16:56

Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно

Доцна донесениот оперативен план за вработување е причина што голем број лица работат на црно. Вака од Бизнис конфедерацијата jа коментираат бројката од 90 илјади неформално вработени, од кои 10.000 се само за 3 месеци.

Очекуваат, од понеделник, кога ќе почнат да се спроведуваат мерките, овие лица да влезат во системот на легално вработени. Но дел од нив се и приматели на социјална помош или други надоместоци, кои, за да не ја изгубат помошта работат на црно. Затоа се бараат измени и во овој дел.

- Државата еднаш засекогаш мора да разграничи кој може да прима социјална помош и сите повoлности кои ги добиваат. Овие лица остануваат постојано во системот како невработени, а од друга страна работат на црно, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација 

 Статистиката вчера објави рекорден пад на невработеноста. Во 1 картал изнесува 11,7 отсто. Бројките покажуваат дека работници има се помалку, а од друга страна – законот е ригорозен и пријавувањето и одјавувањето не е баш лесно. 

- Ако шумата во Берово се сече на пролет, да може да се ангажираат работници само за тој период, а не и кога ќе врне снег, додава Бошков.

 Инаку оперативниот план за вработување Владата го донесе крајот на мај, а заинтересираните ќе можат да аплицираат за мерките од 9-ти јуни. Се очекува да бидат опфатени 16 илјади невработени, меѓу кои и лица со попреченост, кои ќе добијат финансиска помош до 7 илајди евра за да започнат свој бизнис. За оваа намена издвоени се 40 милиони евра.