Македонија
12. July 2025 - 16:35

Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО

Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување покриени од државата. Наместо досегашните три, во иднина, Фондот за здравствено осигурување ќе финансира шест обиди на семејствата кои се обидуваат да имаат потомство.

Првите луѓе на фондот, велат измените се дел од новите законски решенија изгласани во собранието, со нив, се скратува и рокот на одлучување по барањата за биомедицинско оплодување. Од фондот велат дека лани добиле 1495 барања за ин витро.

Фондот ја олеснува и постапката за лекување во странств. Второстепената комисија повеќе нема да одлучува по мислења, се крати и рокот за одобрување од 45 на 30 дена.

Според податоците на фондот за здравство, лани во странство се лекувале 273 пациетни за сума од над 8 милиони евра. Во првите шест месеци од годинава, за 154 пациенти фондот покрил лекување надвор од државата.