Македонија
18. July 2025 - 16:41

Затвор за Бразилка која посредувала во проституција

Пет и пол години затвор одреди судот за 35 годишната бразилка Де јесус невес Марлиене која во текот на минатата година во Скопје носела девојки од Бразил за да нудат сексуални услуги. Таа преку интернет барала клиенти, утврдила и ценовник, а за неа земала 30 проценти од платената услуга. Денеска на старот на судењето призна вина па судот ја казни со затвор од пет години и шест месеци.

Марилене не работела сама, во превозот на девојките и транспортот на клиенти помагале уште две лица. Таксистот призна вина и доби условна казна од една година затвор ако го повтори делото. Маан Махмалат, не призна вина, па за него судењето ќе продолжи.

На обвинителна клупа седи и 23 годишник од Куманово кој со една од девојките од Бразил влегол во љубовна врска. Сепак морал да плати за да патува со неа во Рим и Лондон. Парите, пак, кои таа ги заработила од проституција, младиот кумановец ги инвестирал во крипто валути во вредност од 10 илјади долари. Судот и него го осуди на условна казна, а доби обврска и да ги врати парите потрошени за купување на криптовалути.

Таксистот, пак, ќе треба да врати 2.100 евра, додека на првоосомничената бразилка, со пресудата и се одземаат и над 26 илјади евра пари кои според Обвинителство потекнуваат од сексуалните услуги кои ги нуделе девојките што таа ги носела во Македонија.