Крушево домаќин на Светскиот куп во дисциплината прелети, присутни се најдобрите пилоти од цел свет
Крушево е домаќин на 4-тата етапа од Светскиот куп кој годишно се одржува во 5 вакви натпревари. Тука се присутни буквално најдобрите пилоти во овој спорт од целата планета кои се натпреваруваат во дисциплината прелети. Има над 130 пилоти од сите континенти.
„Крушево е една од најдобрите дестинации за овој тип на спорт. Имаме одлични услови за летање и за сместување на пилотите, услугата е одлична, но најважно за нив е летањето кое што тука е едно од најдобрите во светот“, изјави Иван Луканов, дел од организацијата на Светскиот куп во парагалјадерство.
Параглајдеристистите се восхитени од Крушево и ова место веќе со години е помеѓу топ 5-те дестинации за овој вид на алтернативен туризам, кој полека стана моторот за развој на крушевскиот туристички сектор.
„Ова е апсолутна мека за параглајдинг. Имаме прекрасна долина, планини од оваа страна, рамнини од другата страна. Ова е прекрасна арена за летање, исто така во однос на натпреварите е прекрасно организирано. Нивото за безбедност е високо, ова полетувалиште каде што стојам сега е одлично. Верувам дека Општина Крушево има инвестирано доста пари и дека се истите се враќаат. Пилотите се и бизнис, голем број апартмани се изнајмени“, рече Џан Темпест, параглајдерист од Велика Британија.
„Трет пат сум тука во Крушево, го сакам многу, областа за летање, луѓето, се е прекрасно, како и условите за летање се одлични, го сакам“, додаде Јорк Хишбелгер, параглајдерист од Австрија.
Општината постојано вложува во нови содржи за параглајдерите кои носат и голем профит за угостителите.
„Само што завршија англиското и германското државно првенство во параглајдерство кои ги одржуваат тука, на самото полетиште каде го уредивме, направивме пристапен пат, два паркинг плацеви, контролна кула и сите пропратни содржини кои се потребни за вакви натпревари, и сега во тек е светскиот куп“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.
Поради одличните услови за летање и прилагодливите цени се повеќе држави своите национални првенства ги прават токму тука.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар