Македонија
2. August 2025 - 19:30

122 години Илинденско востание

Ние не сме стебло без корен, нашата република е втемелена во млада Европа но и европската пролет на народите. Ова од Крушево го порача претседателката на државата на одбележувањето на 122 годишнината од Илинденското востание.

Во својот говор, таа порача дека ако некому биде речено дека доаѓа од млада држава треба да одговори дека е сме чеда на Гоцевата визија за обединета Европа и за светот како поле на културен натпревар меѓу народите.

Како што рече Давкова, државата не се откажува од членството во ЕУ, бидејќи државата и географски и културно и историски припаѓа на Европа.

Според Давкова, во изминатите години, во државата е забележана ендемска корупција, слаби институции, организиран криминал и моќни поединци, па како рече, несанкционираната одговорност го руинирала судството, животната средина и меѓучовечките односи.

Порача дека е време за промена на состојбите.

Во својот говор, претседателката се осврна и на состојбите во Европската унија. Рече дека државата останува посветена на еу интеграциите и како што кажале европските челници, таа да стане членка за евроспкото семејство до 2030 година. Укажа дека недозволиво е билатерални спорови да се пречка за евроинтеграциите на една државата.

Освен претставниците од политичките партии, дипломатскиот кор и судските власти, на мечкин камен беа голем број граѓани. Велат, Илинден, е голем празник за државата, апелираат до младите да останат во својата држава и да ја продолжат традицијата на одбележување на празникот.

Во Крушево се одржува централната манифестација за одбележување на 122 годишнината од илинденскотот востание. Освен на мечкин камен, свежо цвеќе беше положено и на гробот на Никола Карев во Македониумот, споемникот на хероите во месноста Слива а се одржа и панихида во храмот „Св. Никола“.