Македонија
3. August 2025 - 16:26

Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје

Да се откаже, или, да се намали бројот на учесници. Ова бил предлогот на Министерот за спорт, Борко Ристовски непоредно пред почетот на Европската младинска олимпијада која се одржа во Скопје.

Во интервју за радио слободна Европа, тој вели оти укажале дека државата нема капацитет да го организира настанот, но Европскиот олимписки комитет го одбил предлогот.

Според Ристовски, организацијата на моменти затаила, но тврди дека тоа не било катастрофално. Смета дека е нормално да има недостатоци, бидејќи како што вели, не постоела држава ниту град во светот што може да организира таков настан без забелешки.

Вели, дека од нив било побарано да се набавата дополнително 150 кревети за студенстките домови во кои беа сместени дел од учесниците, а нивна обврска била да обезбедат и автобуски превоз за транспорт низ градот.

Од опозицската СДСМ велат, младинската олимпијада е најголемиот дебакл во поновата спортска историја на државата. Македонија била понижена, посрамотена и претставена како земја од 19 век. Бараат оставка од министерот за спорт Ристовски.

„Борко Ристовски е министер кој стана капитен на распадот во македонскиот спорт. На Ристовски му стана поважна министерската фотелја отколку принципите по кои некогаш настапувал. Денес не ги поддржува спортистите, туку ги брани интересите на своите партиски шефови. Бараме неотповиклива оставка од Борко Ристовски – веднаш! Не само поради скандалот со Младинската олимпијада, туку и поради системското уназадување на македонскиот спорт“, велат од СДСМ. 

Европската младинската олимпијада се одржуваше на крајот од минатиот месец, а домаќин беше Скопје. Учесниците се пожалија на лошите услови, имаа забелешки за сместувањето, транспортот низ градот и храната. На настанот присуствуваат над 4.000 учесници.