Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
По неуспешниот обид да се донесат измени на ИЗ во Собрание и најавите на ДИК за ново упатство партиите со свои толкувања за изборниот процес. Владејачката партија обвинува дека поради однесувањето на пратениците на ДУИ и стравот од пораз не поминаа измените кои ја утврдеа рамката за кандидатура на независните кандидати.
Во однос на правните нерегуларности поднесовме предлог измени на Изборниот законик, за намалување на прагот на 0,95%, кој потоа беше и дополнително намален на 0,5% и прифатен од наша страна и коалицијата. Но проблемот е во тоа што ДУИ е исплашен од пораз на следните избори, од страв не ги поддржа измените на Изборниот законик. На нив не им е грижа за Законите, ниту за независните кандидатури, тие единствено сакаат да се претстават како жртви и во овој процес.
СДСМ пак повикува многу внимателно да се разгледаат правните аспекти за изборите да не се претворат во хаос.
Дел од правните експерти и покрај ваквиот развој на настаните остануваат на ставот дека Државната изборна комисија нема право со упатство да го регулира учеството на независните кандидати на локалните избори.. Според пензионираниот универзитетски професор по право, Борче Давитковски, предлогот на ДИК е тотално незаконие, бидејќи како што вели, таа не смее да се става во улога на извор на право..
Претседателот на ДИК пак уверува дека правилникот или новото Упатство, не е пополнување на правна празнина.. Со него се прецизирало веќе даденото право за поднесување кандидатури утврдено со изборниот законик.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар