Македонија
22. August 2025 - 16:40

ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините

И покрај противењето на членот на дик од редовите на ДУИ, ДИК го усвои упатство за пополнување на образец за листа на кандидати за советници кое за претстојните локални избори предвидува намалување на бројот советници во 14 општини. Одлуката беше донесена од владата врз основа на резултатите од пописот и бројот на резидентно население. За Дитмире Шеху, бројот на советници го утрдувал законот за локална самоуправа, a не одлуката на владата. Според законот, советничките места се одредувале според бројот на жители, а не како што одлучила владата, според бројот на резидентно население.

Упатството беше изгласно со пет гласови за, против беше членот Шеху. Според неа, одлуката не може да се смета за усвоеноа бидејќи, одлуките во ДиК се носеле со конзенсус.

Според одлуката на владата, намалување на бројот на советници ќе има во општините Гостивар, Кичево, Струга, Кратово, Куманово. На последниот попис бил намален бројот на население, па согласно тие бројки, неопходно било и намалувањето на бројот на советнички места.