Македонија
18. September 2025 - 21:28

ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево

Јавното обвинителство поведе истрага против сопствениците на отпадот во Трубарево. За загрозување на животната средина ги сомничи таткото и ќерката кои управувале со отпадот, неговиот раководител и уште едно лице кое работело на складирање и механичка обработка на електричниот отпад.

„Како соизвршители кои постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на прописите за заштита на животната средина вршеле повеќекратно оставање, фрлање, собирање и транспортирање на една или повеќе поврзани пратки од отпадоци и остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии и акумулатори и отпадни тонери, како опасен отпад. Отпадот го складирале на катастарска парцела во Трубарево и со тоа предизвикале значително оштетување на  квалитетот на почвата и  воздухот односно предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери“, велат од Јавното обвинителство.

Според обвинителството, електричниот отпад непропсино се складирал па на 13 ти месецов, објектот се запалил. Поради обемот и опасноста, пожарот не можел да се стави под контрола и зафатил најголем дел од складираниот електричен отпад како и објектите на подружницата за рециклирање.

„Согорувањето предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух. Како последица на тоа, со извршените мерења на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РС Македонија и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост“, велат од обвинителството.

Обвинителството бара притвор против првоосомничениот, додека за останатите тројца, домашен притвор. Од обвинителството велат дека се истражува потеницијана одговорност и кај други лица. Засега непознатно останува како настанал пожарот.