Македонија
19. September 2025 - 16:27

Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?

По убиството на Росица, политичките партии со осуда меѓутоа и предлози што може да се направи да се спречат фемицидите во иднина. Некои веќе предложени, некои ќе бараат и нови решенија за насилство врз жените. 

Електронски алки да носат пријавените насилници, а на жртвата или пак на полицијата да пристигнува известување кога насилникот ќе биде во близина. Ова е предлогот на ЛДП поднесен во Собранието пред 5 месеци, за кои 102 пратеници воопшто и не гласале. 

Доколку измените биле изгласани, насилникот носел нараквица, Росица и нејзиниот татко денеска ќе биле живи, велат од партијата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека исуствата од соседните земји покажале дека овие нараквици не функционираат на места каде што нема мрежа. Оттаму велат дека мора да се подигне јавната свест и жените без разлика на статусот или финансиската ситуација, да ги пријавуваат насилниците. Тие како партија ги поддржале претходно кривичните дела фемицид и демнење.

Насилникот да се гони по службена должност, без жртвата да го пријави, беше предлогот на Левица кој не доби поддршка во Собранието. Власта подготвува сличен, а од партијата велат дека ќе го поддржат и нивниот, само што побрзо да се донесе овој закон. 

Додека СДСМ беше на власт Кривичниот законик се усогласи со Истанбулската конвенција и се донесоа кривичните дела фемицид и демнење, вели пратеничката Јована Тренчовска. Истрагата за последниот случај на фемицид треба да покаже дали институциите не ги почитуваат законите и дали се потребни нови измени за заштита на жртвите. 

Росица беше убиена од нејзиниот поранешен партнер кого го пријаувала во полиција седум пати од почетокот на годинава. Во обвинителството имало постапка за него, додека тој бил осуден на условна казна.