Македонија
19. January 2026 - 16:45

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

29 годишниот Мартин Гоџо од Варош, е најсреќниот фаќач на Светиот крст во македонскиот Ерусалим. Тој беше најбрз меѓу капачите и посака здравје, среќа и бериќет во текот на целата година. Мартин светиот крст го фати и минатата 2025 година и во 2022 година.

Светиот крст во водите на Охридското Езеро беше положен од градското пристаниште, од страна на митрополитот на Дебарско – кичевската епархија Георгиј.
На светиот чин присуствуваа претставници од државниот врв, политичкиот и јавниот живот во државава.

Градоначалникот Пецаков истакна дека Водици останува празник што ги обединува охриѓани, но и бројни гости од земјава и странство.

Голем број православни верници го посетија Охрид и беа дел од осветувањето на водите на Охридското Езеро. За присутните на градското пристаниште и годинава традиционално се делеше топла ракија и вино. Манифестацијата не завршува, продолжува и утре со денот на рибарите на Сараиште.