Македонија
20. January 2026 - 16:43

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов

Неколку дена по објавата дека во Неготино биле пронајдени околу 350.000 евра во специјално соѕидан ѕид, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара куќен претвор и одземање на имунитетот на апелациониот судија Ѓоко Ристов.

Од Обвинителството потврдија дека судијата е на сослушување и дека му биле презентирани доказите против него.

Дополнително побарано е привремено одземање на неговата патна исправа, односно забрана за излез од државата. Од Кривичниот суд до Судскиот совет утринава беше испратено барање за одземање на неговиот имунитет.