Македонија
20. January 2026 - 20:02

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро на Сараиште одбележан Денот на рибарите.Охриѓани велат дека ова е празник за градот и вековна традиција која години наназад  се прославуавала и привлекува бројни посетители како од земјава така и од странство кои имаат можност да вкусат плашици, пача но и да се напијат греана ракија и вино.

Градоначалникот Пецаков истакна дека  манифестациите Богојавление Водици и Денот на рибарите се дополнителна туристичка понуда во градот .

Според кажувањата, рибарите на овој ден се капеле за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото. Постарите охриѓани велат порано имало многу повеќе риба.

Со денешниот настан се заокружува одбележувањето на празникот Богојавление Водици во Охрид.