Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
Со сослушување на сведоци продолжи судската постапка против четворица турски државјани, осомничени за помагање при извршување убиство на плоштадот во Штип. Извршителот на кривичното дело пред судот изјави дека не ги познавал двајца од обвинетите, додека со останатите двајца имал претходен контакт.
Според неговото сведочење, на 8 мај минатата година од Скопје заминале кон Штип со намера да јадат, по што тој се одвоил и отишол на кафе. По убството, повторно стапил во контакт со лицата кои сега се обвинети и заедно тргнале назад кон Скопје, без да им открие што се случило.
Пред наплатната рампа кај Миладиновци, Кара го напуштил возилото и почнал да бега, при што нагласи дека останатите обвинети не биле запознаени со настанот во угостителскиот објект на плоштадот во Штип. Одбраната изрази очекување дека судот ќе донесе ослободителна пресуда за обвинетите.
-Имавме распит на сведоци со што го користевме и првообвинетиот во својство на сведок и јасно си кажа дека ниту имало план, ниту имало некаква организација за сторувањето на кривичното дело. Сметаме дека одбраната ќе докаже неоснованоста на обвинението, изјави Шенаи Османов, адвокат.
Кадир Кара веќе го призна кривичното дело убиство и е осуден на 17 години затвор, по што ќе биде протеран од државата.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
