Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
Продолжува трендот на одлевање на учениците од школските клупи во штипските основни и средни училишта. На почетокот на второто полугодие околу 50-тина основци и средношколци се испишале од настава, но за разлика од претходните години има и ученици кои се запишале, иако нивниот број е минимален.
- Имаме извесно намалување на бројот на ученици и во основните и во средните училишта, но треба да се нагласи и тоа дека има и ученици кои се запишале во училиштата, односно новодојдени. Во основното образование на почетокот на учебната 2025/2026 година се запишаа вкупно 3618 ученик, но оваа бројка се намали за 50 ученика, а имаме пет новозапишани ученици, од кои 4 доаѓаат ос странство, изјави – вели Снежана Санева раководителка на Сектор за образование, ЛЕР и јавни дејности, ЛС- Штип.
Учениците кои учеле во странство, пред да го продолжат своето образование во Македонија се тестираат, со цел да се утврди нивното знаење и да се одреди во кое одделение ќе продолжат.
- Често пати се случува тие деца веќе да биле запишани во нашето образование, потоа одат со родителите во странство и за година-две повторно се враќаат, така што нема поголеми промени. Јазикот добро го владеат, немаат проблем околу тоа и шродолжуваат со наставата нормално, додаде Санева
Во средното образование ситуацијата е малку подобра, бидејќи бројот на отпишани ученици е помал.
- Вкупниот број на отпишани деца е 14 и бројот на ученици кои ќе го започнат второто полугодие е 1853 ученици, изјави Санева
Локалната самоуправа и училиштата внимателно ги следат бројките на заболени од грип и апелираат учениците кај кои ќе се појават симптоми да останат дома.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
