Македонија
21. January 2026 - 16:33
Утврдени кандидатите за новата ДИК
Собраниската комисија за избори и именувања ги утврди кандидатите за новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив и досега беа дел од највисокото изборно тело. Промена има само на претседателската позиција, каде што опозициската СДСМ го предложи поранешниот министер за правда и за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Кандидатската листа треба да биде потврдена и на пленарна седница, што вообичаено се прави со консензус на сите политички партии.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК заврши на 15 јануари, само неколку дена откако целосно беа заокружени локалните избори со повторено гласање во четири општини.
-->
-->
