Македонија
22. January 2026 - 12:24

Охрид ја засилува патролата

Охрид ја засилува патролата во водите на Охридското езеро. Бродот амбуланта кој ќе го добие ќе ја зголеми безбедноста на локалното население и големиот број посетители.Станува збор за современо пловило кое на брз начин ќе транспортира повредени но и лица со здравствени проблеми до здравствените установи.

Додески од спасителната служба вели дека во минатото преку практичен пример покажале дека е нужна потребата од бродот амбуланта  кој во минатото бил импровизација за да се  потикне свеста .

Овој брод ќе биде првата линија на помош за жителите на ривиерата и за туристите во летните месеци, кога езерото е најфреквентно, но и во зимски услови кога пристапот по копно е потежок.