Временските промени ги „разбудија“ вирусите
Временските промени повторно ги “разбудија” вирусите. Покрај грипот кој се уште зема замав во одинациите на матичните лекари бележат зголемен број на пациенти и со други вируси кои вообичаени циркулираат на пролет, но и граѓани со алергиски реакции.
- Со зголемување на температурата повторно ги разбудивме вирусите кои пак сега почнуваат во пролетниот временски период, а тоа се РСВ, риновирусите, аденовирусите, но меѓутоа веќе бележиме и пациенти со алергиски реакции иако е рано. Со високите температури почнуваат да цветаат одредени растенија и поради тоа се забележуваат алергиски реакции, изјави д-р сци. Драган Ѓорѓиевски, специјалист по семејна медицина и матичен лекар.
Доктор Ѓорѓиевски вели дека иако во амбулантите бележат благо намалување на пациенти со грип за разлика околу новогодишните празници, вурусот и понатаму циркулира со висок интензитет.
- Најчесто се појавуваат со симптими како што се висока температура, тоа е температура и со над 40 степени, што е нормално за грипот и трае 5-6 дена, а кај некои пациенти и до 7 дена, се јавува една изразена малаксаност, со изразенаглавоболка која трае неколку дена, класични болки во телото, коските, болки во пределот на карлицата, грбот, замор, може да се појави некое гребење во грлото и сува и надразнителна кашлица и граѓаните да не се плашат ако истата трае 3-4 недели, вели д-р Ѓорѓиевски.
Од Нова година наваму во ИЈЗ на неделно ниво има по над 2000 пријави за грип, а оваа сезона регистрирани се 3 смртни случаи поради компликации предизвикани од вирусот.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
