Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
Со панихида во црквата Св. Спас и положување на свежо цвеќе пред вечното почивалиште на македонскиот револуционер, великан и учител Гоце Делчев, беше одбележана 154-годишнината од неговото раѓање.
Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме Македонија порача премиерот Христијан Мицкоски кој се поклони пред гробот на Делчев.
По повод одбележувањето 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер претседателот на СДСМ порача дека делата на Делчев се потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво.
Неговата порака за "светот како поле за културен натпревар на народите“ и денес е јасен повик дека Македонија мора да оди напред, кон модерна, просперитетна и европска држава, а не назад во изолација, пишува Филипче.
Граѓаните горди на македонскиот великан велат дека неговото дело треба да се чува и почитува секој ден.
Пред вечното почивалиште на Делчев се поклонија претставници на институциите, граѓанските орагнизации, политички партии, граѓани, преставници на амбасадите во земјава. Годинава пред гробот на македонскиот великан не се поклони ниту еден претставник на бугарската амбасада, ниту пак било потврдено нивно присуство.
На 154-годишнината од раѓањето на Гоце, државниот архив објави форографија од автентичен и оригинален документ напишан од самиот Делчев. Шифрирана азбука со која контактирал со четите околу снабдувањето со оружје и движењето низ населените места во Македонија.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
