Македонија
5. February 2026 - 16:36

Нов смртен случај од компликации од грип

Маж од Тетово на 62 годишна возраст починал од компликации од грип. Ова е четвртти смртен случај годинава. Пациентот бил хоспитализиран во тетовската клиничка болница, а вирусот кај него бил и лабораториски потврден.  Имал повеќе хронични заболувања и не бил вакциниран против инфлуенца, информираа од ИЈЗ.

Според последниот извештај за една недела регистрирани се близу 1500 случаи на групни пријави на случаи со грип, што е намалување за 12 проценти од претходната седмица. Зголемен број на заболени има само кај деца на возраст од 0 до 4 години.

-Во текот на петтата недела од 2026 година продолжува трендот на намалување на бројот на заболени и инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Пријавената неделна инциденца е во рамките на ниска активност.Многу е рано да кажеме дека нема да има нов пик, ние продолжуваме да следиме и јавноста навремено ќе биде информирана , изјави Науч. сор. д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

Оваа сезона пријавени се околу 11.500 случаи со грип и заболувања слични на грипот, од кои 9.000 се во јануари.