Македонија
5. February 2026 - 16:37

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила

Се уште никој не е уапсен се  преземаат мерки по последните протести во кои групи граѓани се закануваа со немири и убиства бидејќи полицијата им ги одзела возилата затоа што возеле без дозвола.

Од Обвинтиелството велат дека испитуваат дали некој од граѓаните ширел омраза и нетрпеливост или пак можеби е сторител на кривичното дело организирање отпор.

Дел од граѓаните кои протестираа објаснуваа дека не можат да добијат возачка дозвола бидејќи за да полагаш мора да имаш завршено најмалку основно, а тие како што велат се уште се неписмени.
Ако сакаат да учат, државата нуди безброј опции, објасни денеска министерката за образование.

Темата очекувано доби и политички белег. Власта обвини дека опозицијата стои зад протестите.

Опозицијата демантира. Побараа владата да најде решение.

Проблемот на Ромите се јави по измените на Законот кои предвидуваат одземање на возилото доколку ве фатат да возите без дозвола или пак со забрана. Голем дел од нив и претходно добивале казни но сега за прв пат останаа без автомобили.