Стружани мака мачат со водата, не смеат да ја употребуваат за пиење
Водата од струшкиот водовод веќе неколку дена небезбедна за пиење. Стружани мака мачат водата не смеат да ја употребуваат за пиење, приготвување на храна, ниту за одржување на лична хигиена, од чешмите им тече матна и нечиста вода па принудени се да купуваат вода поради енормно зголемена заматеност на изворот Шум како и на сите мерни места низ градот.
Директорот на Јавното претпријатие Водовод Јусуфоски истакна дека ситуацијта е аларманта ги информирал сите надлежни институции за овој еколошки инцидент и си поднесе оставка.
Портпаролот на СВР Охрид Димоски вели дека во содејство со повеќе надлежни институции преземаат интензивни мерки со цел откривање на причините за загаденоста на водата и откривање на сторители на кривични дела. По завршување на сите мерки и активности, ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство ќе достави соодветен поднесок. Инаку проблемот со водата за пиење во Струга се провлекува години наназад, за што граѓаните повеќе пати организираа и протести.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
