Македонија
12. February 2026 - 12:25

Садула Изари ја презема функцијата член на Судски совет

Новоизбраниот член на Судскиот совет, Садула Изари, утрово даде свечена изјава во Собранието и ја презема функцијата. Вети дека ќе работи во интерес на граѓаните и враќање на довербата во судскиот систем.  

Првиот човекот на советот пак, се надева дека Собранието наскоро ќе избере уште еден член за Судскиот совет да почне да работи во комплетен состав.