Македонија
13. February 2026 - 16:30

Пад на месечната инфлација од 0,7%

За една година животот станал поскап за 3,2 отсто, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, иако месечната инфлација се намалила за 0,7 проценти.

Сепак, тоа главно се должи на падот на трошоците за транспорт, кои на месечно ниво паднале за 9,3, а на годишно за 6,5 проценти. 

Државната статистика сепак бележи раст на цените на храната на годишно ниво од 5,2 отсто, иако тие не се промениле воопшто во јануари, споредено со декември. Токму ставката за храна, според синдикалната кошница која ја изготвува Сојузот на синдикати на Македонија е најголемиот месечен издаток за едно семејство. Речиси 40% од семејниот буџет оди за храна.

Експертите велат, податоците се добар знак, но дали тие ќе значат и реална стабилизизација на инфлацијата годинава?

- Треба, бидејќи се уште постојат ризици и на домашната сцена и глобални ризици треба да почекаме да видиме дали ова ќе се претвори во еден тренд на намалување за да може да можеме до крајот на годината да зборуваме за стапка на инфлација којашто на крајот на годината би била околу 2,5%, а просекот да биде околу 3%, тоа би било некоја идеална ситуација а пропо сите околности, вели Ристески.

За стабилизирање на инфлацијата, според Петрески од Фајнанс Тинк, државата ќе треба биде поригорозна во спроведувањето на законите.

- Треба да продолжи следењето на евентуалните случувања кај одредени точки од синџирите на снабдување. Конзистентна и недвосмислена примена на Законот за нефер трговски практики и се разбира делувањето на Конкуренцијата за заштита на конкуренцијата, неопходно е да се следат и да се санкционираат секои обиди за антиконкурентско однесување на пазарот, вели Ристески.

Очекувањата на Владата се дека годинава инфлацијата ќе се стабилизира и ќе се спушти на под 3 проценти.