Македонија
3. March 2026 - 16:38

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина

Полицајците кои на погрешна фирма пишувале казни за присуство на малолетници во „Пулс“, не се чувствуваат виновни.. Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков на почеток на денешното судење, негираа дека направиле неточни прекршочни пријави од спроведените контроли во дискотеката.. Според обвинителството, наместо да бараат оригинални документи, полицајците пишувале пријави на фирмата која усно им била кажана.. 

„Во конкретниот случај, такво нешто, односно таква материјална документација не е побарано, туку, како им било кажано, така си запишале, при што се запишани и правно лице кое што во моментот било неактивно и одговорно лице кое не било активно на клубот „Пулс“, односно тоа што е подружница на правното лице кое што стои во позадина“, изјави Ивана Алексова Трајчева. 

Неточните прекршочни пријави, полицијата ги испратила и до кочанскиот суд.. Така според обвинителството, „Пулс“ одбегнала да ги плати прекршочните пријави за присуство на малолетници во дискотеката.. На тројцата обвинети им се заканува казна до три години затвор.. Следното судење е закажано за 18 март..