Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
Светот стравува од инфлација, кај нас состојбата будно се следи.
Случувањата на Блискиот Исток и речиси запрениот проток на енергенси низ Ормутскиот теснец, за скоро ќе ги даде првите непосакувани ефекти – нивно поскапување. Аналитичарите веќе ги прават проценките. Според Голдман Сакс , ако конфликтот трае еден месец – цената на нафтата ќе се зголеми од 10 до 12 долари за барел.
Гасот пак, кој утрина го достигна тригодишниот максимум, би можел да поскапи и до 130 отсто. Стравот го подгреа и запирањето со производство на најголемиот производител на течен гас – Катар Енерџи, откако Иран со дронови ги нападна неговите постројки. Македонските власти за сега велат дека состојбата не е загрижувачка. Секојдневно се следи и ако цените одат нагоре, ќе се преземат мерки
- Сега за сега цените се стабилни. Но ако одат нагоре. Ќе се преземат мерки за заштита на граѓаните и стопанството, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија
Соседството го вклучи алармот. Српскиот претседател Вучич најави мерки за обезбедуавње енергетска стабилност. Ќе ги објават деновиве... Форбс пак излезе со проценка колку ќе чини американската интервенција врз Иран.
Само викендов потрошени се над милијарда долари а ако операцијата потрае , сумата може да достигне и до 100 милијарди долари.
По ставки – 13 милиони чинат само два носачи на авиони, 44 милиони се потрошени за околу 1,250 камикази дронови- до 150 илајди долари по час чинат бомбардерите Б92, 2 милиони една ракета и скоро 13 милиони ракетните пресретнувачи
Дополнително , самото распоредување на трупи, бродови и авиони би чинело околу 630 милиони долари.
Овде не се вклучени и секојдневните трошоци за речиси 50 илјади американски војници ангажирани во операцијата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
