Loading Video...
Македонија
22. March 2026 - 16:51

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници

Владата не гледа простор за зголемување на платите на обвинителите и покрај барањето на новиот републички обвинител за поголема финансиска поддршка. За премиерот Христијан Мицкоски платите и на судиите и на обвинителите  мора да се разгледуваат во поширок контекст на платите во државата. 

Но владата е отворена за разговори околу ресурсите и подобрување на условите за работа. Премиерот потврди дека ќе се јакне кадровскиот капацитет на судовите низ државата со нови 200 судски соработници и административци.

Новиот државен обвинител Савески по заклетвата во Парламентот побара поголема финансиска поддршка за поефикасна борба со криминалот и корупцијата.