Македонија
24. March 2026 - 13:48

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид

Денот на пролетта и екологијата Патриотско Друштво и Патриоти Илинден го искористија на најдобар можен начин, организираа големо еколошка акција за пошумување на Ајватовски Рид.

Во заеднички акција заедно со голем број деца, млади и други луѓе кои се приклучија на оваа инцијатива застадија повеќе од 1 500 садници, повеќе видови дрвја.

Од Патриотско друштво истакнуваат дека ова претсатвува општествено одговорна акција која има за цел да покаже дека патиортизам е и да ја чуваш својата околина, да се грижиш за природата и да поттикнуваш општествено одговорни инцијативи.

Тие исто така ги повикуваат сите млади луѓе особено спортистите и спортските колективи да се приклучуваат на ваквите акции и со своето влијание, спортски здрав дух да придонесат уште повеќе луѓе да се приклучуваат на акциите.

И од Патриоти Илинден упатуваат порака до сите млади да ја чуваат својата околина да се грижат за пририродата затоа што тоа е грижа за самите нас и за Македонија.

Настанот опфаќаше и заедничка дружба со македонска музика како заокружување на цел еден патриотски ден.

Пред една недела Патриотско друштво организираше и голема еколошка акција за чистење на градот Штип а општествено одговорните акции на кои се повикани сите граѓани ќе продолжат и во иднина како патоказ дека Македонија може да се сака и на овој начин и да се допринесува за подобра и поздрава околина.